ноември 17, 2024

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство според член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, на 14 ноември околу полноќ, осомничениот во алкохолизирана состојба го зел со автомобил оштетениот под изговор дека ќе разговараат и го однел во сопствениот дом. Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него. Му нанел повеќе повреди, по што сведоци го пренеле оштетениот во болница.

Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност дека ќе влијае врз сведоците или ќе го доврши обиденото дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението на ОЈО.

The post Го однел дома да разговараат, па му пукал со пиштол пред сопругата и двата сина appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK