Мис Универзум 2024 е Викторија Кјер Теилвиг од Данска.
21-годишната Викторија доаѓа од Соборг и е танчерка. Викторија е иден адвокат и претприемач во индустријата за убавина, поборник за ментално здравје и, како што вели, заштитник на животните.
Круната и ја врачи поранешната Мис Универзум, Шејнис Паласиос од Никарагва, која победи на минатогодишниот избор. Инаку, ова е првпат претставник на Данска да победи на овие избори.
Прва придружничка е Мис Нигерија Чидима Адетшина, втора придружничка е Мис Мексико Марија Фернанда Белтран, а трета придружничка е Мис Тајланд Суката Чуангср.
The post (Видео) Претставничката на Данска е новата Мис Универзум appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде