Рафаел Надал, веројатно во својот последен меч во кариерата, загуби од Ботик ван де Зандсхулп. На отворењето на завршниот турнир во Дејвис купот, Холанѓанецот за 113.минути игра го победи Надал со 6:4, 6:4.
Големиот Рафа Надал, пушти солзи во моментот кога се интонираше шпанската химна, пред почетокот на двобојот.
Rafael Nadal crying during the national anthem.
Can be the last time.
They hope it’s not. pic.twitter.com/OCkWboW3sm
— José Morgado (@josemorgado) November 19, 2024
На теренот осовојувачот на 22 Гренд слем трофеи, не делуваше лошо во првиот сет, во првите седум гема. Потоа попушти од 3:4, Ван де Зандсхулп дојде со 4:6, предност од 1:0 во сетови.
Кризата на Надал продолжи и во вториот сет, Холанѓанецот направи два брејка, дојде до 1:4 имаше и сервис, но во тие моменти како да се исплаши од победата. Надал успеа да врати еден брејк дојде до 4:5, но немаше шанси во гемот во кој Ван Зандсхулп сервираше за победа.
Холандија во четвртфиналето поведе со 1:0, во вториот меч ќе го одиграат Алкараз и Грикспор.
The post (Видео) Можеби ова е крајот на една величенствена кариера, Надал загуби од Ван де Зандсхулп appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде