ноември 19, 2024

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.З. (32) од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба на дрзок начин”, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена.

На 17.11.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје Х.Д. (44) пријавила дека околу 11.50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на сила и одзело паричник и мобилен телефон. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презедоа мерки и активности и го расчистија случајот, Џ.З. е лишен од слобода и поднесена е соодветна кривична пријава.

The post Приведен крадец во Скопје, украл паричник и телефон на автобуска во Карпош appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK