декември 24, 2024

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за првпат назначи жена од Саудиска Арабија за меѓународен судија, објави „Ал Арабија“.

Според ТВ каналот, 34-годишната Ануд Ал-Асмари станала првата Саудијка жена судија на ФИФА. Својата судиска кариера ја започна во 2018 година.

– Среќна сум што сум првата жена судија од Саудиска Арабија која ќе добие меѓународен статус, изјави Ал-Асмари.

Женската фудбалска репрезентација на Саудиска Арабија го одигра првиот натпревар пред помалку од една година.

Во декември, кралството поднесе барање за домаќин на женскиот азиски куп во 2026 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK