ноември 21, 2024

Г-ѓа Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз (нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки), која секојдневно го нарушува студенскиот стандард,

Ви го доставуваме следниот

У Л Т И М А Т У М

Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје и градоначалник на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студенскиот стандард.

Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје.

Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.

Конкретно, барањата се следните:

Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit;
Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје;
Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница)
Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии;
Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт;
Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција.

The post Студентите со ултиматум до Град Скопје: Итно враќање во нормала на јавниот превоз, инаку се приклучуваме на протестот во петок appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK