Италијанските тенисерки го освоија Били Џин Кинг купот, откако во финалето со 2:0 ја победија Словачка.
Во првиот меч Лусија Бронсети ја совлада Викторија Хрунчакова со 6:2, 6:4, а во вториот Јасмин Паолини ја совлада Ребека Шрамкова со 6:2, 6:1.
Паолини, четвртата тенисерка во светот, по еден час и шест минути стигна до победата над 43. рангираната Шрамкова.
Таа оствари убедлива победа, откако направи брејк во шестиот и осмиот гем од првиот сет и во вториот, четвртиот и шестиот гем од вториот сет.
Италијанките стигнаа до петтиот трофеј во Били Џин Кинг купот.
The post Италијанките го освоија Били Џин Кинг купот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде