– Двајца мажи се егзекутирани денеска во Иран, откако беа прогласени за виновни за убиство на припадник на паравоена формација за време на протест, соопштија правосудните органи.
Протестите во Иран беа започнати на 16 септември, по смртта на 22-годишната Махса Амини во болница, откако беше уапсена на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“ и непочитување на строгите ирански кодекс на облекување за жените. Демонстрациите подоцна се претворија во движење против иранските верски власти.
Првостепениот суд егзекутираните ги осуди на смрт на 4 декември минатата година. На 3 јануари, Врховниот суд на Иран ги потврди смртните казни, обвинувајќи ги за убиство на припадник на паравоена формација на 3 ноември во Карај, западно од Техеран.
Од почетокот на протестите во Иран на смрт се осудени 14 лица. Четири лица се егзекутирани, за четворица потврдени се пресудите, шестмина чекаат ново судење, а на пресудата жалби поднеле две лица.
Смртната казна во Иран се извршува со бесење.
Следете не, не има насекаде