Властите во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) денеска соопштија дека украинските сили истрелале 10 проектили од повеќецевни ракетен систем кон Доњецк.
По гранатирањето врз округот Петровск и Кировск во Доњецк биле истрелани четири проектили од НАТО калибар од 155 милиметри.
Округот Петровск и Кировск и вчера веќе беа мета на гранатирање од страна на украинските сили.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера нареди 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт по повод божиќните празници, но ниту руската ниту украинската страна не го почитуваат примирјето.
Следете не, не има насекаде