ноември 24, 2024

Роберт Левандовски, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, призна дека во 2012 година бил на прагот да се пресели во Манчестер јунајтед.

Полјакот кој играше за Борусија Дортмунд и Баерн, а сега е член на Барселона, начелно дал согласност, но неговиот тогашен клуб Борусија Дортмунд го стопирал трансферот.

„Се сеќавам на разговорот со претседателот на Дортмунд. Ми кажа дека сум им многу важен и дека не е вистинскиот момент да си заминам“, се присети Левандовски.

Една година подоцна, тој играше во финалето на Лигата на шампионите со Дортмунд, а по тој натпревар како слободен играч замина во Баерн Минхен.

Левандовски не крие дека му е жал што не се преселил на „Олд Трафорд“.

„Му реков „ДА“ на Алекс Фергусон. Добро се забавував во Дортмунд, но Јунајтед тогаш беше на својот врв. Жалам што не работев со славниот Сер Алекс“.

Share

The post Левендовски: Имав договор со Манчестер јунајтед, Борусија го блокираше трансферот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK