ноември 21, 2024

Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон, информираат од Бирото за јавни набавки.

„Имено, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра, се предмет на управна контрола согласно со членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува.

Во однос на конкретната постапка, управната контрола најде дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП“, се наведува во соопштението.

Управната контрола, имајќи го тоа предвид, дала јасни инструкции што треба да преземе ЈСП во записникот од спроведена управна контрола. Имено, со оглед на тоа што ЈСП направил избор на неприфатлива понуда, а други понуди немало во постапката, дала инструкции комисијата за јавна набавка да ја стави вон сила донесената одлука за избор и да донесе одлука за поништување на постапката.

„Таквите инструкции се согласно член 177 став 3 од законот. Напоменуваме дека ЈСП не ја искористил ниту можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите што му стојат на располагање во законот, од едноставна причина што станува збор за правилно утврдена фактичка состојба од страна на Бирото и исход на постапката кој не може да биде поинаков, а да биде согласно со законот.

Ставовите искажани во денешното соопштение од Градот Скопје со кои се прави обид фокусот од лошо спроведената постапка да се прекрие со клевети од типот „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото за јавни набавки“ во целост ги отфрламе како непримерни и непрофесионални. Бирото за јавни набавки постапува професионално, без оглед на дневните политички препукувања, а наместо да шири политикантство, Градот Скопје навремено треба да реагира и да ги искористи законските можности кои му стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка. За секој проблем има решение, само што Градот треба да има волја и знаење да го најде, наместо да бара дежурни виновници кај другите за проблемите кои самиот ги создава“, се потенцира во соопштението.

The post ЈСП избрало неприфатлива понуда во набавката на Еуродизел, утврдени неправилности во постапката, соопшти Бирото за јавни набавки appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK