Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието.
Апасиев најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.
Инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа претходно не било најавено писмено, како што налага Деловникот.
На ова процедурално реагираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека се изигруваат правилата.
Мицевски преку процедурална интервенција тврдеше дека такво пренасочување на прашањата во последен момент не е дозволено со деловникот, Крмов тврдеше дека е можно, па потоа кога од својата клупа жестоко се вклучи лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Реагираше претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој го повика обезбедувањето и ја прекина седницата на 10 минути.
Следете не, не има насекаде