септември 23, 2024

Израелски анонимен офицер истакнал дека војската ги дизајнирала овие дронови на начин да може да фрли рачна бомба, гасна бомба, ракета, и да пука со автоматска пушка кон одредени цели

Израелската војска во последните две години употребила дронови на кои биле поставени експлозиви, различни гасови и рачни бомби против Палестинците.

Според веста на израелскиот весник „Једиот ахронот“, израелски анонимен офицер истакнал дека војската ги дизајнирала овие дронови на начин да може да фрли рачна бомба, гасна бомба, ракета, и да пука со автоматска пушка кон одредени цели.

Офицерот нагласи дека овие дронови имаат можност да фрлаат бројни бомби, и дека вооружените дронови може да ги нишанат палестинските вооружени групи или лицата за кои трага Израел дури и да бидат внатре во домот.

Во веста се вели дека овие дронови се употребуваат од страна на Копнените сили на Израел и дека израелската војска врши тешки и тајни мисии против Палестинците.

Началникот на Генералштабот на израелската Армија, Авив Кохави, во септември 2022 година даде зелено светло за користење на вооружени дронови со цел извршување атентати на Западниот Брег.

AA

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK