ноември 22, 2024

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура. Џамијата датира од 16. век, а археолошките ископувања покажаа дека во нејзините темели се наоѓа некогашната катедрална и најголема црква во Битола „Свети Ѓорѓи“ и христијанска некропола.

Со пари од Министерството за култура реставрирани се екстериерот на објектот, тремот и подот, од каде низ застаклени сводови се гледаат темелите на црквата.

Овој музеј на христијанско и муслиманско културни наследство е спој на она што сите ние треба да го направиме во секојдневниот живот, да се споиме во едно преку љубовта и соживотот“, рече директорката на Комисијата за верски заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска.

Музејот ќе биде отворен за посетители секој работен ден од 10 до 14 часот и се очекува да ја зајакне туристичката понуда на Битола.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK