ноември 22, 2024

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека вечерва почна новогодишното украсување на улиците во Општина Центар.

„И оваа година со празнично украсување внесуваме новогодишна магија во секое катче на нашата општина. Со внимателно одбрани декорации, елки, светлосни фигури и уникатни украси, целта е да создадеме атмосфера што ќе ги инспирира и обедини сите наши сограѓани”, вели Герасимовски.

Празничното украсување ќе се реализира на повеќе локации, со посебен акцент на познатите јавни простори како Сквер Јадран, Боемска, Сквер Капиштец и паркот Капиштец, кои ќе блеснат во светлоста на празниците.

„Дополнително, ќе се постават дрвени куќички и декорации кои ќе ја надополнат зимската бајка. На плоштадот „Јадран“ ќе биде организиран новогодишен базар, кој ќе се одржува неколку дена пред новогодишната ноќ, со бројни настани и забави. Во моментов се договараат македонски музичари кои ќе ги забавуваат граѓаните предновогодишно.Целта на овој ангажман е да се поттикне заедничко празнување, радост и оптимизам во пресрет на Новата година. Општина Центар продолжува со својата посветеност да го направи овој период од годината посебен за секој жител и посетител. Планот е до 2 декември Општината да биде во новогодишна бајка”, порачува Герасимовски.

Видео: https://www.facebook.com/share/r/19SVJkMz9R/?mibextid=WC7FNe

The post Герасимовски: Започна новогодишното украсување, Центар е прва општина што украсува appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK