ноември 22, 2024

На 21.11.2024 во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.П.(37) од Богданци. Во близина на возилото „ауди а6″ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство” после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија,  како со возилото ги превезува мигрантите. По преземени мерки и активности, возилото и мигрантите биле пронајдени.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија,  а Д.П. бил задржан во Полициската станица Неготино и против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 418 – б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Д.П. е спроведен во Казнено  – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.   

The post Лишен од слобода криумчар на мигранти appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK