ноември 22, 2024

Ева Лонгорија, ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ објасни зошто решила да ги напушти САД со семејството.

Актерката и режисерка неодамна откри дека таа, нејзиниот сопруг Хозе Бастон и нивниот шестгодишен син Сантијаго живеат меѓу Шпанија и Мексико. Сепак, Лонгорија сака фановите да знаат дека тоа не е поради резултатите од претседателските избори во САД.

„Можете ли да им кажете на сите дека не ги напуштив САД поради Трамп?“, рече Лонгорија на подкастот. „Во Европа сум веќе скоро три години. Не заминав поради политичкиот амбиент, заминав затоа што работата ме однесе таму“.

Лонгорија призна дека живеењето надвор од САД и овозможува да се извлече од „постојаниот 24-часовен циклус на вести“ и додаде дека шпекулациите за тоа дали се преселила поради американската политика „ги делат луѓето“.

Во интервјуто за Marie Claire објавено оваа недела, актерката објасни дека забавната индустрија во Холивуд почнала да се менува долго пред изборите во 2024 година, што влијаело на одлуката на нејзиното семејство да се пресели.

„Го поминав целиот мој возрасен живот во Калифорнија, но дури и пред пандемијата нештата се менуваа. Енергијата беше поинаква. Потоа се случи Ковид и сè турна на работ. Без разлика дали се работи за бездомништво или даноци – не сакам да ја критикувам Калифорнија – но чувствувам дека ова поглавје од мојот живот сега е завршено“.

Таа призна дека е привилегирана бидејќи има можност да се пресели во друга земја, пренесува Индипендент.

„Можам да побегнам и да одам некаде. Повеќето Американци немаат толку среќа. Тие ќе останат заглавени во оваа дистописка земја, а јас сум вознемирена и тажна за нив“, рече Лонгорија.

Share

The post Ева Лонгорија објасни зошто со семејството се иселила од САД appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK