Аргентинскиот клуб Расинг е шампион на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа) за 2024 година. Оваа екипа ја освои првата титула во ова натпреварување со победата над Крузеиро во финалето одиграно во парагвајската престолнина Асунсион со 3:1.
Расинг подобро го отвори натпреварот. Веќе во седмата минута Гастон Мартирена му донесе водство на Расинг, но тој гол беше поништен по интервенцијата на ВАР.
Осум минути подоцна, Мартирена повторно ја погоди мрежата, овојпат голот беше регуларен и Расинг поведе.
Веќе во 20. минута беше 2:0 за Расинг по голот на Адријан Мартинез.
Напаѓачот на аргентинскиот клуб ја затресе мрежата по нафрлената топка која му ја испрати Максимилијано Салас.
Оттогаш Крузеиро повеќе се закануваше, но иницијативата ја круниса само со еден гол Во 52. минута Каихо Хорхе ја намали негативата.
Се водеше речиси рамноправна борба до финишот, а во петтата минута од судиското надополнување Расинг ги казни очајните обиди на ривалите да израмнат и го реши прашањето околу победникот.
Голот за големото славје во клупската историја го постигна Колумбиецот Роџер Мартинез на асистенција на Хуан Нардони.
The post (Видео) Расинг прв пат во историјата е шампион на Копа Судамерикана appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде