декември 28, 2024

Речиси сите земји од Европската Унија се обидуваат на било каков начин да и’ помогнат на Украина која речиси една година е мета на руски воени напади. Една од земјите која и’ испрати воена помош на Украина е Норвешка.

– Министерството за одбрана на Норвешка соопшти дека земјата испратила 10.000 модерни артилериски гранати со долг дострел во Украина.

Норвешкиот министер за одбрана, Бјорн Арилд Грам, во изјава за државната телевизија НРК (NRK) истакна дека Украина има голема потреба за одбрана и затоа Норвешка испратила 10.000 артилериски гранати со долг дострел во Украина.

Грам информира дека од почетокот на руската војна досега Норвешка испратила воена помош во вредност од 600.000 евра во Украина.

„Не можеме да дозволиме Русија да победи во војната против Украина. Норвешка ја поддржува Украина со оружје и опрема. Норвешка чекори безбедно врз основа на меѓународното право“, рече Грам.

Тој истакна дека артилериските гранати испратени во Украина може да погодат цели на далечина од 30.000 километри.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK