Вчера во охридската полиција биле пријавени два случаи на измама.
На 26.11.2024 во 11.00 часот во СВР Охрид, 54-годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на 15.11.2024 и се претставило како претставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари. Како што е пријавено, во два наврати тој ги уплатил парите, за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво. Исто така, според пријавеното, на 24.11.2024 им пишал на нивната електронска адреса со барање за информација кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека најверојатно се работи за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата за првиот случај.
Во вториот случај, исто така вчера, во 15.30 часот во СВР Охрид, 47-годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра. Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што се работело за помала сума. Како што е пријавено, на 20.11.2024 на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се регистрирал, а по неколку дена му се јавило лицето и тој го запознал со неговиот проблем. Исто така, според пријавеното, по неколку дена лицето повторно му се јавило и го известило дека на негоавта сметка во Народна банка имал заглавени 15.630 долари и за да можат да ја извршат уплатата ќе треба да инсталира една апликација и да го зголеми лимитот во неговата банка на приближно иста сума колку што треба да му биде исплатено. Откако сторил како што му било кажано, забележал дека од неговата сметка биле направени две трансакции од 6.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за другиот случај.
The post Измамени двајца охриѓани, едниот за над 11 илјади евра, другиот за помала сума appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде