Уругвајскиот центарфор Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.
Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.
Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.
Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.
The post „Ел Пистолеро“ го продолжи договорот со Интер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде