Асот на Барселона и ѕвезда на шпанската репрезентација Ламин Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во светот, „Златно момче“. Најдобриот млад играч во изборот „Тутоспорт“ секоја година го избира новинарско жири од 50 експерти од најзначајните европски весници.
Од можни 500 поени во гласањето, Ламин Јамал освоил 488, објави „Тутоспорт“.
Ламин Јамал доби уште една индивидуална награда, претходно беше прогласен за најдобра млад игра на Европското првенство, а потоа истата награда ја доби и на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
Петит пат откако се доделува наградата таа оди на Принејскиот полуостров. Претходни лауретаи беа Сеск Фабрегас (2006), Иско (2012), Педри (2021) и Гави (2022).
The post Нова престижна награда за „златното момче“ на Барселона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде