Фото/ rkeurofarmpelister.com
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја пораз од Веспрем 33:26 (20:11), во деветото коло во Лигата на шампионите.
Веспрем, најсериозниот кандидат покрај Барселона за освојување на трофејот оваа сезона, ја демонстрираше класата во првиот дел. Од стартот играчите на Чави Пасквал го наметнаа својот ритам, одминута во минута ја зголемуваа предноста, во 18.минута разликата беше двоцифрена.
Во вториот дел играчите на Пелистер пружија посилен отпор, дури и го добија овој период со два гола. На крајот доживеја пораз со седум гола разлика. Интересно со истата разлика заврши и соочувањето на двата тма во Битола (30:23).
Косоротов и Фабрегас беа најефикасни кај Веспрем со по седум гола. Кај Пелистер се истакнаа Кузмановски со шест, односно Радивојевиќ и Тајник со по пет гола. Одличен на голот со 11 одбрани беше Митревски, неговиот колега Ивиќ кој бранеше во вториот дел од второто полувреме забележа три интервенции.
По девет кола, Пелистер се наоѓа на претпоследното место во А групата со четити бода колку што има и Висла. Веспрем со 16 бодови ја предводи групата.
The post Еурофарм Пелистер (очекувано) поразен од Веспрем appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде