ноември 28, 2024

Стотици возила попладнево го блокираа главниот град на потегот од Средно Водно до Центар. Со развиорени албански знамиња, се славеше Денот на албанското знаме.

Колоната, која беше придружувана од страна на полицијата, тргна од Средно Водно и се движеше кон централното градско подрачје. Граѓаните кои се најдоа во овој дел од Скопје сведочат дека движењето во двата правци било целосно блокирано.

Скопје Инфо“ побара информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) за тоа дали ова беше организиран собир, кој претходно бил најавен во полицијата. До овој момент, одговор од МВР не беше добиен.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK