ноември 29, 2024

Претседателот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека вчера го честитал денот на албанското знаме, но го осудува она што се случи за време на вандалското „славење“.

За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово; особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме; е за секаква осуда. Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да ги открие и да ги изведе пред лицето на правдата истите вакви поединци и групи и истите да бидат санкционирани според закон“, изјави Димитриевски.

Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои, според него, ова не им е првпат да го кршат законот без да поднесат одговорност.

„ Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и од сите претставници на меѓународната заедница. По ова денеска, на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или, пак, само фарса? Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон.

Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, те образовала, те платила и те плаќа, вложувала во тебе, е злосторство против истата и треба да се одговара. На крајот Македонија ќе победи, да живее Македонија! изјави Димитриевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK