Вчера во 18.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Ростуше – Дебар, патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница во Дебар им подлегнал на повредите.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од ОВР Гостивар.
The post Сообраќајка со кобни последици: Загина возач на патот Ростуше-Дебар, со возило излетал од патот appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде