ноември 29, 2024

Во 13 часот денеска е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, на која советниците ќе расправаат за предлогот за зголемување на цената за изминат километар за приватните автобуски превозници. Иницијативата, кој беше предложен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, се однесува на зголемување на цената од 70 на 100 денари.

Приватните превозници изразија задоволство од понудениот предлог, но сепак одлучија да не се вклучат во јавниот превоз до понеделник, очекувајќи советниците да го изгласаат предлогот. Се откажаа од најавените блокади за понеделник велејќи ќе ја чекаат разрешницата во градското собрание.

Вчера пак претседателот на совет на Град Скопје Трајко Славески беше дециден дека поради кризната состојба владата има мерки како да ги спречи најавените блокади односно дека доколку блокираат автобусите ќе бидат отстранети со булдожери. Приватните превозници исто така бараат решавање на долговите односно средства кои како што велат не им се исплатени од јуни.

The post Постигнат начелен договор за иницијативата на приватните превозници appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK