ноември 29, 2024

Притворено лицето кое вчеравечер го искина знамето на Македонија на скопските улици за време на прославата на Денот на албанското знаме, дознава НетПрес од извори во истражните органи.

Нашите информации велат дека лицето било експресно лишено од слобода од скопската полиција, и заедно со докази како го пали државното знаме на Македонија против него било поднесена кривична пријава, а му била изречена и мерка притвор во траење од 30 дена, по што осомничениот веднаш бил однесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Инаку, според Кривичниот законик на Република Македонија, за вакво кривично дело предвидена е затворска казна во траење од пет години.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK