ноември 29, 2024

Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунални дејности – Дебрца ги информира жителите на Дебрца дека се целосно подготвени за справување со евентуалниот снег што се најавува за викендот. Сите потребни ресурси, вклучувајќи механизација, и работни тимови, се подготвени и на располагање за брзо и ефективно чистење на снегот на локалните патишта и улици.

ЈПКД-Дебрца апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните прописи, како и да ја прилагодат брзината на возење во зависност од временските услови.

За сите проблеми и итни ситуации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 075458739

Со Почит
ЈПКД – Дебрца

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK