декември 5, 2024

На 61-годишна возраст, денеска во сообраќајна несреќа го загуби животот Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и некогашен директор на затворот „Идризово“.

Пејковски беше активен политички делувач, познат како пратеник во еден мандат и како директор на најголемиот затвор во земјата. Неговата ненадејна смрт ја потресе јавноста, а веста за трагедијата беше објавена на социјалните мрежи, каде што блиски и пријатели споделуваат последни поздрави и изразуваат сочувство.

Како што соопшти Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, последното испраќање на Пејковски ќе биде утре. Телото ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар во 11:00 часот, а погребната церемонија ќе се одржи во 13:00 часот на градските гробишта.

The post Почина поранешен пратеник и директор на „Идризово“ appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK