Винисиус Жуниор поради повреда не играше за Реал против Ливерпул, во средата. Реал загуби на „Енфилд“ со 2:0.
Бразилецот и покрај тоа што не играше успеа да предизвика скандал и реакција од Ла Лига. Тој со објавата на Инстаграм сакаше да покаже колку му е тешко што не е со тимот на „Енфилд“.
Винисиус се снимил како го гледа натпреварот во својот дом во Мадрид и го објавил на споменатата социјална мрежа. На екранот на неговиот телевизор јасно се гледа логото на ТНТ Спортс од Бразил. Ова предизвика реакција од Ла Лига, која на Реал му испрати официјална жалба за однесувањето на својот ас.
„За време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал, Винисиус објави фотографија на Инстаграм како го следи натпреварот. На екранот се гледа логото на ТНТ Спортс. Ова е пиратерија. Кога некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите од Шпанија, тоа мора да се направи преку Мовистар канал, кој ги плаќа правата за споменатото натпреварување во оваа земја“, стои во дописот од Ла Лига испратен до Реал.
The post Ла Лига: Винисиус се занимава со пиратерија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде