декември 27, 2024

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје.

На 29.11.2024 околу 20:30 часот полициски службеници од ЕИП постапија по претходна пријава за кривично дело “разбојништво”, кое во моментот се вршело во продажен објект во градскиот парк во Скопје.

Во моментот на пристигнување на полициските службеници, сторителите се затекнати како излегуваат од маркетот, со огнено оружје во рацете, а од страна на полициските службеници им биле издадени наредби да застанат и да го фрлат оружјето, но разбојниците се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели и ги стигнале и совладале сторителите.

Тие се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Лишени од слобода лица за разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK