септември 23, 2024
Севастопол во последните неколку месеци неколку пати беше нападнат од украински беспилотни летала.

Руските системи за противвоздушна одбрана соборија беспилотно летало над водите кај Севастопол, објави денеска гувернерот Михаил Развозаев на својот канал Телеграм.

– ,,Пред околу 15 минути противвоздушна одбрана собори беспилотно летало над водите на северниот приод кон пристаништето. Ниту светата прослава на Божиќ не може да ги спречи овие нечовечки суштества да го нападнат херојскиот град” – напиша Развозаев утрово во 03:26 часот.

Севастопол, седиштето на руската Црноморска флота, беше постојано напаѓан од украински беспилотни летала во последните месеци.

Претходниот обид за напад беше пријавен на 4 јануари, кога два дрона беа соборени над водите во близина на Севастопол.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK