декември 26, 2024

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави детали за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника. Тој вели разбојниците од Нептун одзеле околу 10.000 евра

Одзеле негде околу 10.000 евра парична сума на средства и таа парична сума на средства пробале да ја изнесат од деловниот објект. Од страна на МВР, СВР и единицата за интервентна полиција веднаш е реагирано. Лицата се лишени од слобода на лице место, вели Тошковски.

Министерот за внатрешни работи најави дека тројцата полицајци кои делувале, ќе бидат наградени. Според министерот, пукано било од полицајците, но нема повредени, туку како предупредување додека разбојниците бегале.

Доцна синоќа се случил вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун лоцирана во Градски парк. Според информациите, инцидентот се случил во 20 часот и 30 минути кога две вооружени маскирани лица упаднале во објектот и со закана со пиштоли се обиделе да изнудат пари од вработените.

„Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“, им рекле разбојниците на лицата кои ги затекнале во продавницата за бела техника. За кратко на локацијата пристигнала и полиција која ги фати разбојниците..

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK