На сите овие трауми, слушаме и разни шпекулации, дека наводно самата побегнала, па дека кај мене се криела.. Дома ми дојдоа инспектори, да пребараат. Воопшто не ни се од помош шпекулациите, и без тоа минуваме низ претежок период“.
Ова е дел од потресното сведоштво на Александар Јоциќ, братот на Лидија Трајковска од скопско Јурумлери која мистериозно исчезна пред три недели.
Тој не е задоволен како напредува истрагата. Раскажува дека семејството е во една безизлезна ситуација и прашува дали самите тие треба да ја бараат Лидија, без помош од институциите.