ноември 21, 2024

Компанијата „Твитер“ ќе се најде на суд поради неплаќање на закупот на објектот во Сан Франциско, а им се заканува и тужба за неплатени чартер летови.

„California Property Trust“ го тужеше Твитер за неплаќање кирија на објектот што го користи во Сан Франциско.

Станува збор за објектот што Твитер го користи како свое седиште, а „California Property Trust“ одлучи да тужи за неплаќање кирија, односно долг од 136.250 долари.

Весникпѕ ,,Блумберг“ пишува дека компанијата на 16 декември го известила Твитер дека има рок од пет дена да го плати долгот, но тој не бил испочитуван, па следувала тужба.

„NewYork Times“ претходно објави дека Твитер престанал да плаќа кирија за сите свои глобални канцеларии за да заштеди пари.

Компанијата исто така се соочува со тужба за неплатен износ од 197.725 долари за чартер летови што сопственикот Елон Маск ги користел во текот на неговата прва недела како прв човек на Твитер.

Во тој период донесе неколку адвокати од компанијата „Спејс Икс“ за да го засили адвокатскиот тим на „Твитер“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK