мај 5, 2026

Општинскиот советник во општина Куманово, Фитор Јакупи, објави на својот Фејсбук профил дека неговата приватна канцеларија била опожарена во текот на ноќта. Според неговите зборови, инцидентот се случил околу 3:05 часот по полноќ.

„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3:05 часот од црна рака (на непознати лица) мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи во својата објава.

Причините за пожарот засега остануваат непознати, а истрагата е во тек. Јакупи повика на брза реакција од надлежните органи и изрази надеж дека сторителите ќе бидат идентификувани и изведени пред правдата.

The post Опожарена приватната канцеларија на општинскиот советник во Куманово, Фитор Јакупи од ДУИ appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK