септември 23, 2024

Нема ништо понепријатно од лош здив. Иако „доаѓа“ од место блиску до главниот детектор за мирис – носот, повеќето луѓе не се сигурни или не забележуваат дека го имаат овој проблем. Поради тоа се чувствуваат несигурни, а за да не се засрамат, превентивно ја ставаат раката на уста кога им се обраќаат на другите, што само ја отежнува комуникацијата.

Лошиот здив се јавува кога во плунката се формираат испарливи сулфурни соединенија. Главниот трик е да се ослободите од нив и проблемот ќе исчезне. Овие соединенија ги создаваат бактериите кои живеат во остатоците од храната, поради што добрата орална хигиена е од клучно значење. Меѓутоа, покрај овој, постојат и други начини за надминување на непријатниот мирис. На пример, пробиотиците помагаат.

Научниците ги објавија резултатите од студијата во која учествуваа околу 300 луѓе. Тие ја анализирале нивната усна шуплина и испитувале дали има фактори кои предизвикуваат развој на овие нездрави бактерии – количината на наслаги и органски остатоци на јазикот. А, докажано е дека на исчезнувањето на овие бактерии влијае и пробиотската храна, како што се јогуртот, мисо супата или лебот со кисело тесто.

Сепак, тешко дека ќе можете да се ослободите од лошиот здив само со пиење јогурт. Еден од критериумите за успех е добрата орална хигиена, па затоа е важно да не заборавите да ги миете забите, но и јазикот, истакнуваат експертите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK