декември 4, 2024

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија одлучи натпреварите од 17. и 18.коло во домашноот првенство да се играт без публика. Одлуката е донесена по парање на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.

Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.

Share

The post Натпреварите од 17. и 18.коло ќе се играат без присуство на публика appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK