Кинескиот гигант Xiaomi го претстави најновиот телефон Redmi кој го краси моќен чипсет и модерни спецификации.
Кинеската компанија Xiaomi го претстави новиот телефон Redmi K80 со моќен чип Snapdragon 8 Gen 3 и осум-јадрен процесор, OLED екран со дијагонала од 6,67 инчи, резолуција од 3200×1440 пиксели и брзина на освежување од 120 херци (Hz).
Телефонот, во зависност од конфигурацијата, има од 12 до 16 гигабајти работна меморија (RAM), а неговиот максимален капацитет за складирање е еден терабајт, пренесува порталот GSMArena.
Redmi K80.
(2/2) pic.twitter.com/FfqkaeIIRC— Abhishek Yadav (@yabhishekhd) November 26, 2024
Redmi K80 има главна камера од 50 мегапиксели со оптичка стабилизација, како и широкоаголен објектив од осум мегапиксели и макро камера од два мегапиксели, додека резолуцијата на предната камера е 20 мегапиксели.
Како што е наведено, овој уред има најголем капацитет на батерија од сите паметни телефони на Xiaomi со 6.550 милиампер-часови (mAh).
Новиот телефон ќе се продава во четири бои – црна, бела, сина и мента, а неговата цена ќе се движи од 330 до 472 евра.
The post Гигантот од Кина има нов телефон со моќен процесор appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде