Еден од најбогатите фудбалски клубови во светот Пари Сен Жермен, покажал сериозен интерес за фудбалерот на Динамо Загреб, Мартин Батурина.
Батурина сезонава игра во одлична форма, Лука Модриќ им го препорачал сонародникот на Реал, но како што сега стојат работите интересот на ПСЖ е конкретен.
Францускиот клуб испратил понуда за 21-годишниот фудбалер вредна 25 милиони евра, пренесува хрватскиот портал „Германијак“.
Динамо летово одби понуда од 18 милиони евра за Батурина од Фиорентина.
Планот на ПСЖ е да го купи Батурина во јануарскиот преоден рок и да го остави на позајмица во Динамо до крајот на сезоната.
The post ПСЖ на Динамо му нуди 25 милиони евра за Батурина appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде