декември 4, 2024

Договорот на Мохамед Салах со Ливерпул истекува на лето, па доколку наскоро не добие понуда од Ливерпул ќе може без обештетување да ја промени средината.

За седум години во Ливерпул, Салах стана легенда на еден од најголемите клубови во светот. За „црвените“ одигра 369 натпревари, постигна 224 гола, забележа точно сто асистенции. Се уште е во одлична форма, во тековната сезона одигра 20 натпревари, постигна 13 гола, а 11 пати беше асистент.

Сепак, сето тоа барем во овој момент не ја принуди управата на Ливерпул да му понуди нов договор. Ситуацијата се обидува да ја искористи Пари Сен Жермен.

„Лекип“ пишува, повикувајќи се на англиски извори, дека парижаните веќе почнале преговори со Салах. Парите нема да бидат проблем за светците… Особено поради фактот што би можеле да го добијат Салах без обештетување, во тој случај Египќанецот има повеќе простор да ја добие најдобрата можна плата.

Салах моментално заработува 18.200.000 фунти годишно (речиси 22 милиони евра). ПСЖ има неколку играчи со слични плати, а најголемата ја има Усман Дембеле кој заработува 20 милиони евра годишно.

Салах три пати беше најдобар стрелец во Премиер лигата, двократен е добитник на наградата за најдобар африкански фудбалер, ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2019 година и уште десет клупски трофеи.

Share

The post Лекип: Салах е разочаран, започнал преговори со Пари Сен Жермен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK