Ерик тен Хаг експресно би можел да и се врати на тренерската работа. Тен Хаг пред еден месец доби отказ во Манчестер јунајтед.
Германските медиуми тврдат дека Тен Хаг ќе биде новиот тренер на Лајпциг. Лајпциг не игра добро во последно време и е во серија од шест меча без победа. Во оваа серија Лајпциг запиша пет порази. Минатиот викенд, Лајциг доживеа дебакл на домашен терен од Волфсбург (1:5).
Во германските медиуми деновиве на големо се пишува за тоа дека челниците на Лајпциг ќе му врачат отказ на тренерот Марк Росе и дека прашање е кога ќе биде официјализирана таа одлука. Наводно веќе биле контактирани неколку тренери, а најсериозен кандидат е Тен Хаг.
Челниците на Лајпциг би сакале да го видат Тен Хаг на клупата на својот тим, а очигледно овој 54-годишен стручњак нема ништо против.
The post Тен Хаг експресно најде работа? appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде