декември 4, 2024

Осумдневен притвор му е одреден на млад скопјанец, кој се обидел да запали знаме, информираа вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Како што информира МВР, 20-годишниот скопјанец бил фатен вчера околуи 23 часот на подрачјето на општина Центар.

– Единицата за насилен криминал при СВР – Скопје поднесе кривична пријава против К.К., на возраст од 20 години, поради сторено кривично дело по член 319 од КЗ. Синоќа во 23:10 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.К., кој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме – појаснуваат од МВР.

Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор од осум дена.

The post Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK