мај 5, 2026

Струшката полиција приведе 43 – годишен жител на селото Велешта, од кој бил одземен пиштол со дијаболи, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера околу 12 часот полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Б.Н.(43) од струшкото село Велешта и од него одзеле еден пиштол со дијаболи „Colts“.

– Лицето се сомничи дека во струшката населба „Езерски лозја“ со остар предмет го нападнал Е.М. од струшкото село Франгово, а потоа со пиштол го удрил Б.Н. од селото Велешта, стои во соопштението на СВР Охрид.

По целосно расчистување и документирање на настанот, треба да биде поднесена соодветна пријава.

The post Полицијата уапсила лице од Велешта поради напад на две лица appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK