По објавите на социјалните мрежи дека граѓаните на Бутел 1 попладнево почувствувале потрес проследен со звук на експлозија и прекин на електричната енергија, од Електродистрибуција за 24 Инфо информираат дека се работи за испад на 110 кВ далекувод кој бил оштетен од страна на кран кој не е во нивна сопственост.
– Во Бутел настана прекин во снабдувањето со електрична енергија поради испад на далекувод 110кВ предизвикан од страна на кран кој не е во сопственост на Електродистрибуција ниту пак во моментот извршувал работни активности за компанијата.
Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа дефектот во најбрзо време.
Сите корисници во овој реон веќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија, велат од Електродистрибуција.
The post Кран оштетил 110кВ далекувод во Бутел – причина за експлозијата која ја пријавија граѓаните appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде