40-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава откако нападнал полицаец и со пиштол им се заканувал на органите на редот, соопшти МВР.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 29.11.2024 во угостителски објект во Битола, пријавениот со огнено оружје се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а подоцна и физички нападнал еден од нив. Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Битола на пријавениот му е одредена мерка притвор“, велат од полицијата.
The post Прилепчанец тепал полицајци, им извадил и пиштол appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде