декември 5, 2024

Денеска на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје се монтираа продажните куќички на кои за Нова година ќе се продаваат разни украси и дрангулии, но информација за украсувањето и некаква новогодишна програма од Градот официјално се уште нема.

Покрај куќичките, на плоштадот во центарот на Скопје се забележуваа и работници кои над неславната подна фонтана редеа дрвена платформа, која можеби ќе послужи како подиум за танцување или други содржини. Дали ќе пропаднат оние кои на неа ќе решат да застанат, останува да видиме, објави Независен.

Повикот на Град Скопје за доделување финансиски средства за реализација на настанот „Новогодишен базар“ завршува на 6 декември.

Минатата недела градоначалничката Данела Арсовска, во одговор на новинарско прашање изјави дека во тек е постапката за украсување на градот, а за неделава најави повеќе информации за украсувањето.

The post Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот во Скопје, но украсувањето се уште не е започнато appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK