декември 26, 2024

Менаџерот на фудбалскиот клуб Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим имал тежок период и посочи дека тимот мора да продолжи да победува по триумфот против Нотингем Форест, пренесуваат британските медиуми.

Манчестер сити во средата на домашен терен го победи Нотингем Форест со 3:0 во 14. коло од Премиер лигата.

Граѓаните ја постигнаа првата победа во Премиер лигата по повеќе од еден месец. Пред дуелот со Нотингем Форест, Манчестер сити не триумфираше на последните седум натпревари во сите натпреварувања, а во Премиер лигата беше во серија од четири порази.

„Минавме низ тежок период, но мораме да ги прифатиме предизвиците и да се справиме со нив. Мислам дека овој пат бевме добри. Сите гледаме дека Премиер лигата е се потешка и потешка, секој противник е тежок. Секој на секого му одзема поени. Мора да се подобриме, прво да се обидеме да продолжиме да победуваме, а потоа за неколку месеци ќе видиме до каде сме“, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 26 бодови, а во следното коло му гостува на Кристал Палас.

Share

The post Гвардиола: Премиер лигата е се потешка и потешка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK