Триумфот на Атлетик Билбао над Реал Мадрид (2:1) повторно го вклучи алармот на „Сантијаго Бернабеу“. На натеблата со натпревар помалку Реал има четири поени помалку од Барселона. Поразот на „Сан Мамес“ е втор за Реал во Примера, вкупно петти од почетокот на сезоната.
Реал во Билбао, загуби благодарение на промашениот пенал (Килијан Мбапе) и грешката на Феде Валверде.
Мбапе, како и на неодамнешниот меч со Ливерпул во Лигата на шампионите, Мбапе промаши пенал за израмнување. Интересно по натпреварот шпанските новинари повеќе се занимаваа со тренерот Карло Анчелоти.
Весникот „Марка“, близок до „кралскиот клуб“, објави текст под наслов: „Анчелоти е полош од Мбапе“, што веднаш доведува до заклучок дека во Реал полека му го вртат грбот на италијанскиот стручњак.
„Колку и да зборува Анчелоти за детектираните проблеми, јасно е дека неговите решенија не функционираат“, пишуваат новинарите на споменатиот весник и портал.
„Лесно е секогаш да се таргетира Килијан и да не се зборува за главниот проблемк, недостатокот на план за игра. Што воопшто игра Реал? Поминаа три и пол месеци од сезоната и никој не го знае одговорот на тоа прашање“.
Авторот на критиките, освен Анчелоти, вината ја гледа и во клупските челници, бидејќи во летниот преоден рок не најдоа адекватен наследник на Тони Крос.
„Никој не работеше на алтернативен план, како да е само уште еден играч во низа играчи, а не најодговорен во организацијата на играта“.
The post Марка: Анчелоти е полош од Мбапе appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде